6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски ловец изведе предупредувачко пресретнување на американски воен авион

Руски воен авион во текот на вчерашниот ден пресретнал американски шпионски авион над Балтичкото Море во меѓународен воздушен простор.

„Фокс њуз“ цитира двајцата функционери од одбраната, според кои рускиот ловец „су-27“ извел сигурно, но непрофесионално пресретнување на авион за надзор на американската морнарица, за време на неговата мисија над Балтичкото Море.

Според изворите, рускиот авион се приближил на само шест метри од американскиот, но пилотите им рекле на официјалните лица дека при маневарот не се чувствувале загрозени или несигурни.

Ова е последен во серијата на вакви воздушни инциденти меѓу американски и руски воени авиони. Претходниот беше во јануари, кога руски ловец прелета покрај шпионски авион на американската морнарица над Црното Море.

Во таа прилика портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, изјави дека руската армија дрско го прекршила меѓународното право и дека ризикувала да дојде до авионска несреќа, нарекувајќи го инциденот пример за низата руски воени дејствија кои ги занемаруваат меѓународните норми и договори.

Спонзорирано: