10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Голем пожар во зграда во центарот на Сао Паоло

Најмалку едно лице загина во пожар кој избувнал во напуштена зграда во центарот на бразилскиот градот Сао Паоло, објави телевизијата „Глобо“. Станува збор за 26-катна зграда која поради пожарот се урнала. Едно лице загинало додека пожарникарите се обидувале да го спасат.

Телевизиските снимки го покажуваат застрашувачкиот момент во кој пожарникар се обидува да дојде до човек заглавен во зградата за време на нејзиниот колапс, еден час по избувнувањето на огнот.

Пожарникарите продолжиле да се борат со огнената стихија што се проширила и на соседна зграда, која била евакуирана и не била загрозена од колапс.

Причината за пожарот засега не е позната, но се шпекулира дека станува збор за истекување на гас. Се стравува дека може да има повеќе жртви.

Тројца луѓе се водат за исчезнати, изјави Андре Илија, претставник на противпожарната служба. Во гаснењето на пожарот учествувале 160 пожарникари со 57 возила за противпожарна заштита.

Спонзорирано: