11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нелоски: Заев, Тевдовски и Анѓушев ќе останат запаметени како луѓе кои го урнале рекордот во задолжување

За прв пат во историјата на Македонија јавниот долг отиде преку 5 милијарди евра, а државниот долг преку 4 милијарди, предупреди денеска Владимир Нелоски, челен на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го изнесе ставот на партијата според кој економијата е пред катастрофа, а државата на раб на банкрот.

„Податоците што ги објави Министерството за финансии, се доказ за неспособноста на Драган Тевдовски, Зоран Заев и Кочо Анѓушев. Ова црно економско трио за само три месеци од 2018 година успеа да ја задолжи државата и граѓаните за дополнителни 300 милиони евра. За толку е пораснат и државниот и јавниот долг од крајот на 2017-та година до крајот на март 2018 година“, истакна Нелоски.

Додаде дека една година по доаѓањето на СДСМ на власт, Македонија е пред економски амбис бидејќи нема нови проекти, повисоки пензии и плати.

„Упропастувањето на економијата продолжува. Државата тоне во долгови заради економската цунами политика на владата на Заев. Заев, Тевдовски и Анѓушев се луѓето кои ќе бидат запаметени дека го урнале рекордот во задолжување. Заклучно со последните информации кои ги објавува министерството за финансии за првото тромесечие во 2018 година, и покрај фризирањата преку вештачки напумпаните проценки на БДП, јавниот долг изнесува над 5 милијарди и 84 милиони евра. Државниот долг исто така ја надмина психолошката граница од 4 милијарди евра и сега тој изнесува над 4 милијарди и 270 милиони евра“, рече Нелоски.

Спонзорирано: