17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Заев вети законски измени за намалување на извршителските трошоци

Проблемот со извршителите, премиерот Заев ќе го решава преку работна група предводена од Оливер Спасовски, која треба да изготви законски измени со кои ќе се намалат севкупните трошоци на извршните решенија.

Заев тврди дека Владата ќе ги укине и дополнителните адвокатски трошоци, а комуналните услуги ќе ги наплаќаат самите претпријатија.

„Верувам дека ќе успееме, со тоа што секој треба да се откаже од нешто. Извршителите и нотарите работат со јавни овластувања, па така, треба да се има во предвид социјалниот статус на нашите граѓани. Јас верувам дека преку намалување на 10 од 42 тарифи во извршителските служби, ќе придонесе кон подобрување социјалниот статус на граѓаните. Но, во еден дел од своите приходи треба да се откажат и нотарите и државата. Голем број од нашите граѓани имаат проблеми со долгови дури од 2003 година, со огромни камати“, рече Заев.

Според премиерот, квалитетот на живот не се само примањата на работниците. Со овие корекции на законските решенија, Заев тврди дека ќе се намалат трошоците на граѓаните.

„Пратениците од власта и опозицијата отворија иницијатива за отпишување на каматите за струја. Утре со нив го имам првиот состанок, каде ќе се обидеме заедно да помогнеме преку откажување од каматите за долгови, на соодветни институции, вкучително и приватни, со државна интервенција да помогнеме на граѓаните“, најави Заев, вејеќи дека ова е можност да се одблокираат смеки на голем број граѓани.

Спонзорирано: