3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Поради асфалтирање, прекин на сообраќајот на патот Пршовце – Јегуновце

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, информираат во утринското соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму соопштуваат дека поради асфалтирање на делницата Пршовце – Јегуновце од државниот пат 2234, денеска ќе има прекин на сообраќајот согласно одобрениот времен режим на сообраќај.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Спонзорирано: