23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Друштвото на писателите избира нов претседател

Друштвото на писателите на Македонија денеска со почеток во 10.30 часот ќе го одржи своето редовно Собрание на кое ќе се избира нов претседател на македонската писателска асоцијација. Со свои програми, според Статутот на ДПМ, кандидатурите за претседател ги најавија Соња Стојменска-Елзесер, есеист, критичар и книжевен научник, доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Оливера Доцевска, поетеса и есеист, правник од Куманово со адвокатска канцеларија во Скопје.
За функцијата претседател на Собранието на ДПМ своите кандидатури со програми ги најавија Христо Петрески, поет, раскажувач, романсиер и есеист, доктор по филолошки науки, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје и директор на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, и Блаже Миневски, раскажувач, романсиер и драмски автор, уредник во секторот за издавачка дејност во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Покрај претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, ќе се избира и претседателство на ДПМ, како и Собраниски одбор, во кој ќе влезат по еден писател од секоја општина во која живеат и создаваат автори, членови на писателската асоцијација. Изборот е за мандат од четири години.
Друштвото на писателите на Македонија годинава одбележува 71 година од своето формирање. Негов прв претседател беше Блаже Конески.
Спонзорирано: