17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров: Западот планира поделба на Блискиот Исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, рече дека западните земји планираат да го поделат Блискиот Исток и да ја разбијат Сирија.
„Во западните земји доминираат изјави за поддршка на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија, но тоа се само празни зборови, кои, по се изгледа, треба да послужат како маска на плановите за поделба на Блискиот Исток и Сирија“, изјави Лавров за време на состанокот за Сирија со министрите за надворешни работи на Турција и Иран, Мевлут Чавушоглу и Мохамад Џавад Зариф.
Тој изрази уверување дека Русија, Турција и Иран се искрено заинтересирани за зачувување на целовитоста на Сирија, каде што, како што рече, етничките и религиозните групи имаат еднакви права и можат да живеат во мир меѓу себе и со своите соседи.
„Неопходно е да им се помогне на Сиријците да го завршат чистењето на земјата од терористи и сите ние и помагаме на сириската влада да подигне мостови на национално помирување и да го обнови срушеното“, рече Лавров.
Тој ги нарече неприфатливи обидите за дестабилизација на ситуацијата во Сирија.
„Ова би значело создавање линии на поделба во Сирија, а ние се спротивставуваме на тоа“, рече Лавров.
Спонзорирано: