14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсен жител на Нови Пазар кој во Турција сакал да внесе 116 килограми косовска марихуана

Припадници на турската гранична полиција и разузнавачка служба пронашле 116,5 килограми канабис на граничниот премин Едрене. Пазарната вредност на дрогата се проценува на околу 500.000 евра. Канабисот бил пронајден во камион со регистарски ознаки од Нови Пазар, кој го управувал жител на овој град од југозападниот дел на Србија.
Како што пренесоа регионалните медиуми, празниот камион дошол на граничниот премин Едрене во правец од Србија кон Истанбул. Фактот што камионот бил празен им се видел чуден на полицајците, па веднаш го пратиле возилото на скенер, по што бил пронајден сомнителниот дел за складирање. По скенерската контрола, полицајците довеле специјално обучено куче за пронаоѓање дрога, кое ја лоцирало истата во специјално дизајнирана шуплина.
И.Е. бил уапсен и веднаш била покрената истрага против него. Се претпоставува дека дрогата што ја превезувал, потекнува од Косово.
Спонзорирано: