14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / Атина
БИЗНИС

Грција до крајот на јуни ги завршува преговорите за намалување на долгот

Грција и нејзините кредитори до 21 јуни ќе ги завршат преговорите за начинот за намалување на огромниот грчки долг, соопшти грчкиот министер за финансии, Еуклид Цакалотос. Тој по состанокот на министрите за финансии во еврозоната во Софија повтори дека Грција поради претпазливост, по истекот на актуелниот програм за помош во август, не сака нова кредитна линија, но дека ќе биде засилен надзорот на кредиторите.
Тој додаде дека и претставниците на кредиторите на 14 мај ќе се вратат во Атина за да ја спроведат четвртата и завршна ревизија на пакетот за помош.
„Многу сме задоволни од достанокот на еврозоната“, заклучи Цакалотос.
Спонзорирано: