20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Туск се обрати на македонски: Чувствувам промена во политичкиот менталитет во Македонија

javascript:setMap(‘Со Бугарија докажавте дека може да се надминат духовите од минатото, се надевам истото да го постигнете и со Грција, ја имате мојата безусловна поддршка, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по средбата со премиерот Заев. Тој целата прес-конференција ја одржа на македонски јазик. Туск порача дека ЕУ останува најголем партнер на Македонија и дека неусловената препорака е потврда дека напорите на граѓаните и на властите импресионираат во Европа.

-Во Скопје чувствувам промена во политичкиот менталитет, чувствувам волја за придвижување кон интеграција на вашата земја во ЕУ. Заблежувам храбро лидерство насочено кон иднината. Препораката на ЕК за отворање пристапни преговори е најдобар доказ дека вашите напори ги импресионираат во Европа. Се отвора ново поглавје во историјата на вашата земја, рече Туск.

Туск посочи дека претстојниот самит во Софија во мај треба да донесе нова енергија во односите и да се реафирмира европската перспектива на регионот. Тој се заблагодари и за солидарноста што ја покажала Македонија за случајот „Скрипал“.

– Дозволете да се заблагодарам за вашата солидарност со ЕУ. Застанавте до нас како во случајот со нападот во Салсбери, така и ние ќе застанеме до вас ЕУ ќе остане најдоверлив партнер за вас и за целиот регион. 80% од вашиот извоз е во ЕУ, 13 % отпаѓа на соседите од Западен Балкан, само 1,5 со Турција и 1% со Кина и 1% со Русија. ЕУ ќе ви помогне во вашите напори за реализација на реформите, рече Туск.

‘);