7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Колумбиец преживеал пад со хеликоптер, но бил убиен од леталото што дошло во спасувачка мисија

Колумбиец чиј хеликоптер се урнал, животот го загубил откако врз него паднал втор хеликоптер кој дошол по него во спасувачка мисија, пренесе „Индипендент“.
https://www.youtube.com/watch?v=AGSD4WA2DIE
Видеото објавено на интернет, покажува како спасувачкиот хеликоптер кружи над рушевините на паднатото летало, по што пилотот ја загубил контролата и хеликоптерот се урнал.
Несреќата се случила на 15 април во планините во јужниот дел на земјата. Како што се вели во соопштението, станува збор за вработен во компанијата „Хелифи“.
Од полицијата наведуваат дека првиот хеликоптер паднал поради техничка грешка, по што друг бил испратен на местото на настанот, но и тој имал одредени технички тешкотии, па се урнал.