14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Хан: Решение за спорот меѓу Македонија и Грција за 15 дена

Спорот меѓу Македонија и Грција би можел да се реши во следните 15 дена, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

„Јас сум општимист дека во следните две недели ќе има решение. Ќе има барем решение што ќе го отвори патот за почеток на преговорите со БЈРМ“, вели Хан, а пренесуваат грчките медиуми.

Тој смета дека ова решение ќе биде корисно за Македонија, но и за општеството, како и целиот регион на Западен Балкан. Според еврокомесарот, Македонија ја надминала длабоката политичка криза и постигнала напредок во спроведувањето на реформите, но и одржувањето на добрососедските односи. Хан вели „нема време за уживање во постигнатите успеси“.

Спонзорирано: