14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Отворањето на автопатот беше трагикомично

Тоа што јавноста го виде вчера во тунелот на автопатот Демир Капија-Смоквица е трагикомично, поточно повеќе трагично, изјави Никола Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера екипата на Заев, предводена од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, државната свеченост за отворање на автопатот ја претвори во циркус, срам и јавен блам. И тоа на проект што тие не го изградија. Поточно, СДСМ не е одговорн за работата, туку само во делот за славење. На оваа лакрдија не се знаеше ни кој пие, ни кој плаќа ни кој тера чочеци, ама се виде кој плаќа бакшиш. Тоа беше директорот Китанов.
Срам невиден“, рече Цветковски во изјава за медиумите.

Спонзорирано: