13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Авионот што ќе го изведува најдолгиот лет во светот успешно ја заврши првата проба

Авион што ќе превезува патници на најдолгиот лет во светот успешно го заврши своето прово пробно летање, објавија светските медиуми. Авионот Ultra Long Range A350 XWB во понедделникот полета од седиштето на Ербас во Тулуз и успешно изведе краток лет над јужниот дел на Франција.


Авионот има досег од 15.610 километри (9.700 милји), а треба да лета на рекордно рстојание меѓу Сингапур и Њујорк. Летот долг 15.332 километри (9.521 милја) ќе биде најдолг комерцијален лет во светот.

Мариса Лукас-Угена, шефица на маркетинг на „Ербас“, рече дека A35О ULR (Ultra Long Range/Ultra dugog dometa) е најнапредниот авион досега и ќе остане таков уште многу години.

Новиот авион е модифицирана верзија на претходната варијанта A350, со нов систем, поради што може да носи 24.000 литри гориво, без потреба за дополнителни резервоари, кои можат да влијаат на тежината на авионот и неговата ефикасност.

!Ultra Long Range A350 XWB е во можност нон-стоп да лета повеќе од 20 часа, со највисоко ниво на удобност за патниците и персоналот и највисока економичност при потрошувачка на гориво со оглед на далечината“, објави „Ербас“.

Спонзорирано: