14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски: СДСМ прави политички театар од автопатиштата

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со објава на официјалната фејсбук страница се посвети на обновата и изградбата на автопатите во земјава. Како што наведува Груевски во објавата, деновиве се потсетил на изјавата на Зоран Заев од мај или јуни 2017 во која јавно ветил дека ќе изгради 600 километри автопат во Македонија, во неговиот четиргодишен мандат.

„Од владата на ВМРО-ДПМНЕ наследија во длабока фаза на градба два автопата кои заедно се околу 100 километри автопат, едниот, Скопје-Штип завршен 70 осто, вториот Кичево-Охрид, завршен 50 осто. И двата со обезбеден кредит и финансирање и потпишани договори. Се надевам нема да си препишат некој километар од автопатот Демир Капија-Смоквица 29 километри, кој целосно се заврши во мај 2017, а еве цела година СДСМ преместува еден далновод и ја завршува контролната соба. Значи соба. Не пат. Една година“, се вели во објавата на Груевски.

Притоа тој појаснува дека автопат е пат кој има најмалку 6 коловозни ленти и други карактеристики прифатени според меѓународните стандарди.

„Освен овие два автопати во градба и оној кој го завршивме во мај 2017, а тие дури сега по една година го пуштија во употреба Демир Капија-Смоквица, јас знам дека СДСМ во овој нивни мандат нема да изгради, не 600 километри, туку нема да изгради ниту еден километар автопат по меѓународни стандарди како што се споменатите во овој текст. Подготвен сум јавно да се кладам дека надвор од овие два автопати кои владата на ВМРО-ДПМНЕ им ги остави во завршна или многу длабока фаза и еден завршен каде требаше да поместат далновод, нема да изградат ниту еден километар автопат со 6 коловозни ленти надвор од тоа“, пишува Груевски.

Ова го тврдам затоа што многу добро знам колку напор е потребно за да се направи тоа, колку посветеност и волја, експерти за градежниот, правниот и финансискиот аспект, капацитет на министри и директори и нивните тимови, дневно менаџирање на процесот и колку време на подготовка треба, под услов да имаш ефикасна влада.

„Оваа неспособна влада, само ќе ветува и ќе купува време. Ова го знаев и пред една година кога Заев го кажа ветувањето, а денес само констатирам дека за жал, тоа што го знаев, сега се случува и потврдува. Дури и сите пари ЕУ да ги даде како грант на Македонија, пак ќе биде истиот резултат, заради неспособноста и незаинтересираноста на власта да го спроведе процесот“, истакнува поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: