14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Не предвидовме дека Македонија е здробена и душмански ограбена

Не предвидовме колку е здробена државата, финансиски урнисана и душмански ограбена, па затоа не успеавме да реализираме некои од предвидените проекти, рече премиерот Зоран Заев од собраниската говорница на седницата за интерпелација на Владата.
https://www.youtube.com/watch?v=7ReyawvDacE
Тој додаде дека власта останува и нема да се жали.
„Не сакаме да земаме кредити од стотици илјади, па со тоа да расте долгот, од коj е вратен еден процент. Ние сме во време на враќање огромни долгови. 280 милиони евра за ‘Скопје 2014’, 60 милиони евра за здравството, 50 милиони евра во Министерството за внатрешни работи, 30 милиони евра во Министерството за одбрана и така натаму“, рече Заев.
Премиерот во одговор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски, за отпуштените вработени во државни институции, тврди дека сè што прават е законски, а отпуштени се само работници што биле со договор на дело. Заев пропустот го гледа кај претходната власт велејќи дека таа требало да им даде решенија за вработувања. ​
Спонзорирано: