17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Анѓушев: ВМРО-ДПМНЕ потроши 225 милиони евра за 23 странски инвестиции

Гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ потроши 225 милиони евра за 23 странски инвестиции, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на собраниската расправа за интерпелација на Владата. Ова, според него, претставува проблем поради потрошените средства.

„69 милиони евра се пари за даночни олеснувања, а преостанатите 130 милиони евра се потрошени на промоции. Тоа е проблемот. Само 23 странски инвестиции со 19 илјади вработувања, каде што 60 проценти се преземени, а не нововработени“, вели Анѓушев.

Тој вели дека гарнитурата на ВМРО-ДПМНЕ мисли дека нема странски инвестиции бидејќи новата Влада не се сликала со инвеститорите кога дошле на аеродром, па во Владата и кога се поставувал камен-темелник, но, сепак, додаде тој, има 10 компании што новата Влада ги убедила да дојдат. Анѓушев вели дека за три месеци новата Влада убедила странска компанија да инвестира во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ не можела да ја убеди три години.

„Ние ги донесовме компаниите со 0 денари трошок. Тоа е разликата. Вашата статистика е дека се вработиле 180 илјади луѓе во тоа време. Тоа е веројатно точно. Ако 20 илјади од нив се вработиле во странските компании, 50 илјади во администрација, тогаш кој ги вработи другите? Тоа е реалната македонска економија. Прашањето е: Што вие ѝ помогнавте на реалната македонска економија? Тоа го правиме ние со законот за економски раст“, вели Анѓушев​.

Спонзорирано: