10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин се нафрли на Црногорците: Нарушена е вековната традиција на братски односи

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека односите помеѓу Русија и Црна Гора не одговараат со долгата традиција на пријателство помеѓу двете земји.

„Моментално работите во односите помеѓу Русија и Црна Гора очигледно не одговараат на повеќевековната традиција на братски односи и духовен афинитет помеѓу нашите народи“, му рекол Путин на црногорскиот претставник за време на церемонија во Кремљ, каде новите амбасадори на странски земји во Москва ги предале акредитивите на рускиот претседател.

Путин порачал дека Русија се залага за развојот на врските со Црна Гора на „взаемно корисна основа“.

Русија е лута порди минатогодишното пристапување на Црна Гора во НАТО, потсетуваат агенциите.

Спонзорирано: