17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ЗАЕВ НАЈАВУВА ДРАСТИЧНА ЧИСТКА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА: Ситуацијата во државните институции е катастрофална, наскоро ќе има чистење

Следува чистка на непрофисионалците и неспособните во државната администрација.

Премиерот Зоран Заев, во интервју за државната информативна агенција МИА, вели дека продуктивноста на адмнистрацијата не е лоша, туку катастрофална.

– Јас за жал, можам слободно да кажам, продуктивноста на администрацијата е катастрофална. Значи не лоша, туку катастрофална.

И точна е фразата, „клати врата – земај плата“, но јас би додал и „хихихи – хохохо, кафето да го испиеме, весникот да го прочитаме, порталите да ги искоментираме…”, и толку е. А некој чека надвор. А од тоа негово чекање зависи дали тој административец ќе земе плата, вели премиерот Зоран Заев во големото интервју за државната агенција.

Посветуваме внимание, и овде сме и психолози и педагози. Јас сум најверојатно првиот политичар кој рече нема покачување на плата на јавната администрација, додека не видам ефикасност и ефективност.  И во суштина тоа и го мислам.

Значи кога доаѓаме на работа, тие 8 часа мора да ги сработиме. Затоа што токму на нас, на јавната администрација, некој ни дал шанса баш ние да бидеме тие. Сакаат и многу други луѓе да бидат на нашето место, па дај чесно да си ја изработиме работата. Во вакви околности, ако ја дигнеме продуктивноста на јавната администрација, Македонија, ќе направи еден сериозен прескок. Оттука само ќе им се заблагодариме на сите што нема да си ја работат својата работа. Тое е еден коректив, вели премиерот Зоран Заев.

Инаку уште од поодамна се зборува за превработеноста на непрофесионални и партиски кадри во администрацијата кои немаат свои работни места, извори за СКАЈ велат дека токму ваквиот чекор на новата Влада ќе им даде шанса на оние кои знаат и умеат да се носат со одговорностите и да си ја заддржат работата, додека за личностите кои немаат способност, стручност и познавање за што го работат може да се соочат со прераспределба за она што се способни или пак ќе заработат отказ.

 

Спонзорирано: