13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Франција бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради нападот во Сирија

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан, денеска изјави дека наводите за напад со хемиско оружје во Сирија се крајно загрижувачки. Покрај тоа, тој го повика Советот за безбедност на ОН да се состане што е можно побргу за да ја разгледа ситуацијата.

„Франција остро ги осудува нападите и бомбардирањата на градот Дума, во Источна Гута, од страна на сириските владини сили во изминатите 24 часа“, рече Ле Дриан наведувајќи дека нападите се сериозно прекршување на меѓународното хуманитарно право.

Тој додаде дека Франција ќе соработува со сојузниците со цел да ги потврди наводите за употреба на хемиско оружје во Сирија.

Европската унија претходно соопшти дека доказите покажуваат оти силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад употребиле хемиско оружје во нападот на градот Дума, кој е под контрола на бунтовниците. ЕУ ја повика меѓународната заедница итно да реагира во однос на овој напад.

Исто така, Европската Унија побара од Советот за безбедност на ОН повторно да воспостави контрола за идентификување на изворите на хемискиот напад, а Русија и Иран да го искористат своето влијание кај Асад со цел да се спречат ваквите напади во иднина.

Инаку, сириската влада негираше дека нејзините сили извршиле хемиски напад во градот Дума.

Спонзорирано: