13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени четири лица кои планирале напад на берлинскиот полумаратон

Германската полиција уапсила четворица мажи, од кои едниот е осомничен дека планирал напад со нож на полумаратон што денеска се одржува во главниот град, Берлин.

Како што објави весникот „Велт“ во своето онлајн издание, четворицата осомничени биле поврзани со тунижанецот Анис Амири, кој во декември 2016 година на бижиќниот панаѓур во Берлин изврши терористички напад во кој загинаа 11, а повредени беа десетици лица.

Инаку, според организаторите, на полумаратонот во Берлин се собрале околу 36.000 учесници.

Спонзорирано: