19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп ги обвини Асад и Путин: Скапо ќе платите за хемискиот напад во Сирија

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го осуди наводниот хемиски напад во Сирија и рече дека сирискиот претседател, Башар ал Асад, ќе плати висока цена за тоа. Трамп додал дека во безумниот хемиски напад има многу мртви, вклучувајќи и жени и деца, објави „Ројтерс“.

Тој, исто така, преку својот Твитер профил, ги обвинил и рускиот претседател Путин и Иран, поради тоа што, како што напишал, му даваат поддршка на „животното од Асад“.

Сириски опозициски активисти и спасувачи соопштија дека во напад со отровен гас врз град под контрола на бунтовниците, во саботата животот го загубиле десетици лица. Сириските власти, пак, негираат дека ваков напад воопшто се случил.

Спонзорирано: