19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин на велигденската литургија внимателно ја слушаше пораката на патријархот Кирил

Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, служеше велигденска литургија во храмот на Христос Спасителот во главниот град на Русија. Литургијата ја посетија илјадници верници, меѓу кои беа и рускиот претседател, Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев и градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Синоќа, некаде пред полноќ во црквата бил внесен и благородниот оган од Ерусалим, пишуваат руските новински агенции.

„Велигденската радост нека го исполни секое срце и секој дом, така што сите ние да може да го доживееме Христовото воскресение, не само со зборови, туку и преку дела“, рече патријархот за време на литургијата.

Рускиот претседател, Путин, по повод Велигденските празници упати честитка до верниците.

„Големиот христијански празник Велигден го симболизира триумфот на животот, добрината и љубовта и има огромно морално значење. Тој ја поттикнува верата, надежта, желбата да се прават добри дела и да им се помогне на блиските. Ги обединува луѓето околу безвременските духовни вредности и идеали. Во овие пролетни денови, полни со искрена радост, јасно може да се разбере колку се важни за нас традициите и обичаите на нашите предци“, стои во честитката.

Спонзорирано: