Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АМСМ: Внимателно возете, има свлечишта и одрони на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. На патниот правец Р 1308 Макази – граничен премин Маркова Нога поради свлечиште кај местото Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец А2 Стругa – премин Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до местотот Добра Вода-село Франгово (во должина од 3 км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.

Спонзорирано: