17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Подигнати обвиненија против 11 функционери на Косово

Специјалното обвинителство на Косово подигна обвиненија против 11 високи функционери, меѓу кои има и министер и повеќемина пратеници, осомничени за нарушување на рамноправниот статус на државјаните и граѓаните на Косово.

Според обвинението, тие ја злоупотребиле службената положба со цел да обезбедат незаконски привилегии и погодности за лица кои конкурирале на различни функции, со што ги оневозможиле и ги ограничиле со закон загарантираните права и слободи на другите кандидати.

Како што се наведува во соопштението на Специјалното обвинителство на Косово, обвинение е покренато против министер и пратеници, но и против поранешни пратеници, двајца генерални секретари во министерствата, еден заменик министер, двајца политички советници, директор на јавно претпријатие и еден службеник. Тие вработувале и делеле функции врз основа на партиска припадност и лични односи. Случајот во јавноста е познат како „Пронто 1“.

Спонзорирано: