10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пресуда за возачот што удри во 4-годишниот Алмир

Судот денеска ќе ја изрече пресудата за обвинетиот Бобан Илиќ, кој во јуни 2016 година со „мерцедес“  удри во тогаш 4-годишниот Алмир Алиу. Во текот на судењето се случи пресврт кога Обвинителството направи преквалификација на делото, па обвинетиот Илиќ не се гони за убиство со умисла, туку за тешко дело против безбедноста и имотот во сообраќајот.
По преквалификацијата, Илиќ беше пуштен од затворот во Шуто Оризари. Поддржувачите на иницијативата „Правда за Алмир“, по минатото судење, истакнаа дека со одлуката за преквалификација вторпат се убива 4-годишниот Алмир. Обвинетиот Бобан Илиќ по минатото судење им покажа среден прст на роднините на Алмир кога тие негодуваа за одлуката на судот и Обвинителството.
Спонзорирано: