3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија2025: Секое спогодбено решение за името треба да биде согласно Уставот

Република Македонија е суверена земја. Затоа, го поддржуваме пристапот на сегашната и минатата Влада дека секое спогодбено решение кое не го компромитира националниот идентитет и јазикот, треба да биде доследно и согласно со Уставот на Република Македонија. Наше цврсто верување е дека ниту една група, ниту пак личност не треба да им кажуваат на другите луѓе кои сe или што се. Сите луѓе, вклучувајќи ги и Македонците, треба да го уживаат основното човеково право на самоопределување. Ова е ставот на организацијата Македонија2025.
Тие додаваат дека решението за потенцијална промена на името на зeмјата е поттикнато од Европската Унија (ЕУ) и други странски влади, кои сакаат земјата да исчекори напред од овој застој во однос на решавање на името, во кој земјата се наоѓа изминативе три децении. Но, веруваат дека тежнеењето за пристап кон ЕУ и НАТО е многу важно, но не по секоја цена. „Ние, како економска организација, сакаме да потенцираме дека само едно достигнување или решение на едно прашање, нема да овозможи економска благосостојба за македонскиот народ. Економски развој веруваме дека може да донесат напорна работа, одлучност, зголемена трговија и инвестиции, искоренување на корупцијата, чесен и независен судски систем и најмногу од сè единство меѓу луѓето“, се вели во соопштението.
Според нив, Владата е избрана од и за народот на Република Македонија и истата треба да води сметка и да ги претставува интересите на македонските граѓани. Без разлика дали живееме во Република Македонија или во многуте други држави низ светот со македонска популација, ние секогаш ќе бидеме Македонци. „Затоа, Македонија2025 ги повикува сите Македонци да се фокусираат на креирање на добра економска клима, во која домашните и странски компании, како и претприемачите, ќе бидат мотивирани да продолжат да инвестираат во Македонија. На оваа високо конкурентна глобална сцена, земјите мора да понудат добра бизнис клима и политичка стабилност за да постигнaт економски развој“, се додава во соопштението.
Спонзорирано: