11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: САД не се во трговска војна со Кина

Соединетите Американски Држави не се во трговска војна со Кина, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп кога двете земји најавија меѓусебни услови за увоз. Трамп на „Твитер“ информира дека САД имаат трговски дефицит кон Кина од 500 милијарди долари и дека таму се краде интелектуална сопственост во вредност од 300 милијарди долари, што, како што оцени, не смее веќе да се дозволи.

„Не сме во трговска војна со Кина, оваа војна ја изгубија пред многу години глупави или неспособни луѓе што ги претставувале САД“, наведува Трамп.

Кина објави листа на производи од САД во вредност од 50 милијарди долари за кои ќе бидат зголемени даноците – меѓу кои и за сојата, автомобилите и хемиските производи, како одговор на последните услови што администрацијата на Трамп ги најави на кинескиот увоз. Администрацијата на Трамп најави воведување 25-процентни давачки на 1,3 илјада кинески производи од областа на индустриската технологија, транспортот и производството на медициска опрема настојувајќи да го казни Пекинг поради неговата трговска пракса и наводите за кражба на интелектуалната сопственост. Вредноста на американскиот увоз од Кина е околу 50 милијарди долари.

Спонзорирано: