3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Уставните судии ќе расправаат дали е уставен тарифникот за извршителите

Уставните судии денеска ќе расправаат дали да поведат постапка за уставноста на тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите.

Иницијативата е поднесена лани, а оваа точка е четврта на дневниот ред на судот. Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите е објавена во 2016 година.

Извршителите за преземање на извршените дејствија наплаќаат награда и надоместок на трошоците според цена за администрирање, цена на извршните дејствија и награда за извршените дејствија. Висината на цената за администрирање извршителот ја определува според износот на главното побарување, односно вредноста на предметот на извршување утврдена во извршната исправа. Цената на извршните дејствија извршителот ја определува според видот, обемот и времетраењето на извршувањето.

Уставниот суд во 2017 година укина повеќе членови од Законот за извршување, посебно одредбите што се однесуваат на вонсудската наплата на долгови. Укинати се одредбите од Законот со кои од доверителот се бараше претходно да ја плати цената за администрирање и првичниот налог за извршување со поднесување на барањето за извршување, како и одредбата каде како извршна исправа се смета заклучокот на извршителот за утврдување на трошоците на извршувањето.

Спонзорирано: