18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Еден повреден при судир на два автомобили и камион

Едно лице е повредено при судир на два автомобили и камион кој што се случил вчера во 17 часот во Скопје.

Според полицијата, на улицата „Васил Чакаларов” се случила сообраќајна незгода меѓу „хонда” управувана од С.И.(27) од Скопје, „цитроен саксо” управуван од З.О.(38) од Скопје и камион „ивеко” управуван од И.З.(41) од Скопје.

Повреден е возачот на „цитроенот“ кој со Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Спонзорирано: