11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: НАТО не сака да ја изолира Русија, но моравме да реагираме

НАТО не се обидува да ја изолира Русија по нападот на поранешниот руски шпион во Велика Британија, но моравме да реагираме за да покажеме незадоволство, изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

НАТО минатата недела протера седум руски дипломати од своето седиште.

„И понатаму тежнееме кон подобри односи со Русија затоа што таа држава е наш сосед и ќе остане наш сосед. Не сакаме да ја изолираме Русија“, рекол Столтенберг во говор на Универзитетот во Отава.

Додал дека НАТО е загрижен поради анексијата на Крим и со тоа, како што рекол, Русија ја дестабилизирала Украина, потоа за тоа што Русија му помогнала на сирискиот режим и поради вмешаноста во прашањата на други земји.

„Поради тоа реагиравме вака, затоа што ова не е само еден настан. Тоа е напад кој покажува шаблон на омраза кој со години го гледаме од Русија“, рекол Столтенберг.

Спонзорирано: