12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вечерва: Сообраќајот на овој патен правец е во прекин – ова се првичните информации

Од 19:10 часот сообраќајот на патниот правец Кичево- Демир Хисар е во целосен прекин поради одрон на земјиште кај село Кладник, информира АМСМ.
Исто така, на патниот правец Макази – ГП Маркова Нога поради свлечиште кај месноста Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на другите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Спонзорирано: