Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полициска потера и апсење на граничниот премин „Богородица“

Утринава во 03 часот и 30 минути од страна на патрола од Граничeн премин “Богородица” во соработка со мобилна единица во правец на Гевгелија, во обид да биде сопрено патничко моторно возило “Ауди” со штипски регистарски ознаки истото се дало во бегство, информираат од МВР.

По преземени мерки, пронајдено е лицето 30- годишниот Е.А од Радовиш, кој го управувал патничкото моторно возило “Ауди”.

При преглед на возилото пронајдени се пет мигранти од Пакистан на возраст од 18 до 28 години, сите со грчки документи. Е.А. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мигрантите се задржани во Полициска станица за Граничена надзор “Богородица”.

Спонзорирано: