13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груевски се иселил од штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски си изнајмил свои канцеларии во ТЦ Палома Бјанка недалеку од партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Независен.

Од партијата за „Независен“ потврдиле дека Груевски нема своја канцеларија во палатата на ВМРО-ДПМНЕ, каде отишол само еднаш откако лидерската позиција ја презеде Христијан Мицкоски.

Канцеларијата на Груевски се наоѓа на третиот кат, но нема никаков натпис. Вработени во трговскиот центар изјавиле дека тој доаѓа често, но не секој ден, а некогаш доаѓаат и некои од неговите некогашни блиски соработници

Спонзорирано: