23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Месецов ќе започне да функционира првиот систем за донирање вишок храна

Организацијата „Ајде Македонија“ соопшти податоци според кои околу 450.000 граѓани во земјата имаат по 1 оброк во текот на денот, а од друга страна, големи количини на безбедна храна се фрла на депониите.

Со цел да се надмине овој проблем, „Ајде Македонија“, со поддршка на швајцарската амбасада, работи на воспоставување на првиот систем за донирање на вишокот храна во Македонија, кој официјално ќе започне да функционира од 23 април.

„Се радуваме на сите нови компании што ни се приклучуваат во овој голем подвиг и ги повикуваме сите бизниси да го следат примерот и да се вклучат во спасувањето и донирање храна за социјално загрозени граѓани“, информираат од „Ајде Македонија“.

Оттаму додаваат дека ваквите активности и во иднина ќе продолжат и воедно ги повикуваат сите поголеми компании да се приклучат кон овие донации.