22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лондон го престигна Њујорк по бројот на убиства

Во текот на февруари и март во Лондон, во споредба со Њујорк, дошло до нагло зголемување на насилните злосторства. Во Њујорк од почетокот на годината биле убиени 50 луѓе, а во британската метропола 46. Сепак, додека во Њујорк месечната стапка на насилство се намалува, во Лондон расте.

Би-би-си пишува дека лондонската полицијата во јануари испитувала осум убиства додека нивниот број се искачил на 15 во февруари, а на 22 во март. Од друга страна, во Њујорк на почетокот на годината биле испитувани 18 убиства. Тој број паднал на 11 во февруари, но во март повторно се зголемил на 21.

Полицијата тврди дека Лондон е еден од најбезбедните градови во светот, но овој пораст на бројот на убиства ги загрижува. Градското собрание особено ја истакна загриженоста поради бројот на убиства со нож. Владата поведе јавна кампања на социјалните мрежи со цел намалување на злосторствата извршени со нож. За оваа кампања издвоени биле 1,35 милион фунти, а во неа учествувале млади луѓе што биле жртви на убодни рани.

„Само едно убиство е премногу, но ние работиме напорно за да разбереме зошто постои зголемување на бројот на убиства и што можеме да направиме за да ги спречиме натамошните трагедии“, рече портпаролот на лондонската полиција.