20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање во Лондон – убиено девојче и рането момче

Во пукотници во Лондон во два одделни случаја загина 17-годишна девојка, а едно 16-годишно момче е сериозно повредено, објави Би-би-си.

Тинејџерката синоќа била пронајдена со рана од куршум во Тотенхем, при што била констатирана смрт. Момчето, пак, било пронајдено со прострелни рани од огнено оружје, претходно во Волтамстоу, со друго 15-годишно момче, кое имало убодни рани од нож.

Пукањето се случува во моменти на загриженост поради зголемениот насилен криминал и сè почестите пресметки со огнено оружје.

Полицискиот кордон сè уште е на местото на пукањето, каде што девојчето било најдено мртво.

Локален жител, кој не сакаше да биде именуван, рече дека слушнал повеќе истрели, што звучело како експлозија на бомба.