23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради нов објект за Државниот архив

Владата донесе одлука да почне постапка за изградба на нов објект на Државниот архив.
„На денешната владина седница беше разгледана и усвоена информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог-решенија за решавање на ова прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив“, соопшти Владата по завршувањето на седницата.
Владата го задолжи Државниот архив до конечната реализација на ова решение да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов.