25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Албанската опозиција повика на граѓанска непослушност

Лидерот на албанската опозициска Демокарска партија, Лулзим Баша, на средбата со помалите опозициски партии денеска во Тирана повика на граѓанска непослушност.
„Премиерот Еди Рама мора да сфати дека опозицијата ги поддржува барањата на протестантите за укинување на патарината на автопатот што ја поврзува Албанија со Косово и бара ослободување на притворените“, рече Баша.
На средбата Баша истакна дека нема потреба да има такса за патарината и додаде дека неоходно е да започне граѓанска непослушност.
Сепак, некои на претставниците на политипките партии на опозицијата одбија да го прифатат ставот на Демократската партија во земјата да се повика населението на граѓанска непослушност.
Во Тирана и денеска продолжија протестите на жители од Кукс пред седиштето на главното седиште на полицијата кои бараат ослодување на лицата што се притворени поради палење и уништување на кабините на патарината кај тунелите Калимаш во близина на Кукс. Судскиот процес против нив ќе се одржи утре во Кукс, соопшти претставник на јавното обвинителство.
Премиетрот Еди Рама изјави дека нема да има попуштање на оние што ѝ предизвикаа големи штети на патартината. Албанските медиуми оценуваат дека опозицијата се обидува да ги политизира настаните и чека момент да се создаде простор за масовни протести против власта на албанската левица.