9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Утврден текстот на нов предлог-закон за странци

На предлог на Министерство за внатрешни работи, Владата денеска го утврди текстот на предлог-законот за странци, со кој се врши усогласување со европското законодавство во областа на миграцијата, односно условите за влез, визите, одобрувањето на престојот и враќањето на странец со незаконски престој.
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата со новиот ревидиран текст на Акцискиот план за воспоставување надворешен механизам за контрола над работата на лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција, со кој се дефинираат клучните активности за воспоставување на надворешниот механизам, надлежните институции и временските рокови за нивна имплементација, проценка на потребните финансиски средства и нивното обезбедување во буџетот на соодветните институции.
Спонзорирано: