14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Касами: Судот донесе одлука, нашето Движење е едно

Основниот суд Скопје 2 конечно донесе одлука, со која Биљал Касами останува на чело на Движењето Беса. Тој на прес-конференција нагласи дека Судот го потврдил нивниот став дека Движењето Беса е едно.

„Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не од сомнителни кругови кои не им го сакаат доброто на Албанците и кои не се во служба на Албанците. Очигледно, успехот на Движењето Беса беше пречка за многу кругови што беа навикнати на старата политичка мисла и, за жал, овие кругови преку концептот на клиентелизам успеа да се пробијат и во Движењето Беса за да ѝ наштетат. За жал, некои од нашите сопартијци станаа жртви на оваа пропаганда и беа ставени во служба на овие кругови. Не сакајќи да станат дел од една фер и демократска трка во рамките на партијата, тие одлучија внатрепартиската дебата да ја изнесат во јавност манипулирајќи, навредувајќи и фабрикувајќи многу невистини, што за одреден временски период ѝ нанесоа штета на Движењето Беса“, рече Касами.

Касами ги повика сите оние што биле манипулирани од одредени личности да се вратат во Движењето Беса и порача дека во иднина против сите оние што ќе продолжат да го злоупотребуваат името на партијата, ќе бидат преземени правни мерки во согласност со законите на државата.

Спонзорирано: