20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нема лидерска средба, Димитров одделно ќе ги брифира партиските лидери

Нема лидерска средба за преговорите што министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ги водеше со грчкиот министер Никос Коѕијас во Виена, велат од Владата. Партиските лидери ќе бидат брифирани на одделни средби со министерот Димитров, одлучило Министерството за надворешни работи.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, следната недела повторно ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, пишуваат грчките медиуми.

„Процесот за спорот за името е во деликатна фаза и шпекулациите од одредени медиуми се штетни. Јас стојам на моето јавно соопштение и ја информирам јавноста дека не сум дал дополнителни неформални изјави“, објави Димитров на „Твитер“ по демантот на грчкото МНР дека македонската страна се согласила на промени на Уставот на средбата во Виена.

Спонзорирано: