12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на мажот кој утрово се самоуби

Битолчанецот кој утринава се самоуби во битолскиот затвор е 54 годишник кој на 13 март минатата година си ја уби сопругата.

Инаку на тогаш 53 годишен И.Д. во 2013-та му беше одредена мерка притвор од страна на Основен суд-Битола во траење од 30 дена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство.

Утрово, во Одделението за притвор во Затворот Битола околу 6 часот вработен во затворот го пронашол обесен И.Д.(54).

Смртта е констатирана од страна на лекар од Брза помош. Од страна на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увидот е во тек.

Неофицијално дознаваме дека лицето се уште било во притвор.

Спонзорирано: