Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пресврт во преговорите со името: Се наѕира ли решение?

Следниот состанок меѓу Грција и Македонија може да доведе до „голем чекор“, изјави денеска министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по состанокот во Виена со македонскиот колега Никола Димитров и со медијаторот на ОН за спорот за името, Метју Нимиц.

„Ги забележавме деталите, што е она за што се согласуваме, а за што не се согласуваме.

Ги имаме обележано главните прашања за секоја страна и се надевам дека на нашата следна средба ќе бидеме подготвени да направиме еден голем чекор“, рече шефот на грчката дипломатија.

Тој додаде дека паралелно со разговорите за името, направена е и позитивна агенда за идната соработка на двете држави, доколку, како што се надева, се реши прашањето за името.

Во однос на тоа дали е планирана следна средба, Коѕијас вели дека за „сите неопходни чекори постојат планови и договори“, без да открие кои се плановите за во иднина.

Спонзорирано: