10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија: Силни поројни врнежи од дожд и снег, грмотевици и силен ветер

Денеска преку денот ќе се задржи претежно сончево и топло време со засилен, а особено во западните делови до силен јужен ветер (над 80 км/ч).

Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни (локално над 20л/м2). На највисоките планини ќе има и врнежи од снег.

Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/час).

Дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.

Спонзорирано: