8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кочани во црно: МВР предмалку излезе со целосни детали за трагедијата

Едно лице загина, а три се здобиле со тешки повреди во несреќа која се случила при истовар на мермерни плочи на градските гробишта во Кочани.

Според информациите на МВР, вчера околу 17 часот кај градската капела во Кочани, при истовар на мермерни плочи од контејнер од товарно возило во кое биле пет лица од засега непознати причини дошло до излизгување на плочите, при што истите ги потиснале лицата кои се наоѓале во внатрешноста на контејнерот.

На самото место починал Н.Ј. (47) од Кочани, а со тешки телесни повреди се здобиле три лица: Б.Н. (27) од Штип, З.А. (26) од Кочани и М.Ј.(21) од Крива Паланка кои се пренесени во Ургентен центар – Скопје. Петтиот работник М.З. (59) од Кочани со повреди е пренесен во Медицински центар – Кочани.

Спонзорирано: