23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопје: Драма во такси возило – Она што му се случило на овој странец ќе го памети цел живот

Таксист во Скопје сакал да му наплати 300 денари повеќе на странски државјанин. Откако странецот одбил да му даде, таксистот го стартувал возилото и не му дозволил на патникот да излезе. Во еден момент, кога таксистот го забавил движењето, странецот скокнал од возилото и избегал.

Според информациите на МВР, вчера во 19,10 часот во Полициската станица – Центар , Р.Р. (32) од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот од плоштадот „Скендербег“ се качил во такси возило и му кажал на возачот да го однесе до хотел во Скопје.

Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му побарал да плати 400 денари, а на таксиметарот стоела сума од 110 денари. Р.Р. рекол дека тука живее и знае колку чини такси превоз, по што таксистот започнал на англиски јазик да го навредува и го стартувал возилото со полна брзина, не дозволувајќи му да излезе од возилото, кажувајќи му дека сега тој е главен и тој ја контролира ситуацијата.

Поради густиот сообраќај, таксистот подзастанал, при што Р.Р. ја искористил ситацијата ја отворил вратата и скокнал од возилото.

 

Спонзорирано: