14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Млад живот згасна на македонските патишта – директен судир на автомобил и автобус

Уште една трагедија во Македонија.

На магистралниот пат Велес – Штип кај клучката за село Црнилиште, вчера во 14 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Темса опалин“ со велешки регистарски ознаки, управуван од 64-годишниот Љ.Ц. од Велес и патничко моторно возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друштво за транспортни услуги од Скопје, а управувано од 29-годишниот И.А. од Скопје.

Во незгодата на лице место починал возачот И.А.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Свети Николе.

Сообраќајот на патниот правец Велес – Штип бил во прекин до 16:30 часот, а потоа се одвивал наизменично до 18:50 часот, по што е целосно нормализиран.

Спонзорирано: