23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ се кити со туѓи перја, реагира опозицијата

„11 години инфраструктурата во Македонија доживуваше вистинска преродба, а преку капиталните инвестиции во инфраструктурата, паралелно подем доживуваа поголем број на индустриски гранки кои успеа да заживеат за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Компании кои беа пред затворање поради криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ, бележеа зголемени приходи и го прошируваа бизнисот и отвораа нови работно места, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на прес конференцијата на Никола Мицевски.

Според опозициската партија, СДСМ не само што повеќе од 10 месеци не започна ниту еден нов инфраструктурен проект, туку ги запре и веќе започнатите проекти од владата на ВМРО-ДПМНЕ од кои голем дел од нив беа во својата завршна фаза. СДСМ намерно го одложува пуштањето во употреба на голем број инфраструктурни проекти изградени во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ со цел да ги прикаже како свои.

„Ниту една реакција или соопштение на СДСМ или Владата не може да го погази фактот дека ниту еден пат презентиран од Заев не е нов проект. СДСМ уште еднаш се кити со туѓи перја и се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Заев наместо да држи прес-конференции треба да ги засука ракавите и веднаш да започне со остварување на своите предизборни ветувања. Граѓаните од владата очекуваат изградба на ветените 500 километри автопат, а не празни ветувања и собирање на политички поени на туѓи проекти“, се вели во реакцијата.