14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев претседаваше со конститутивната седница на Комитетот за земјоделство

Премиерот Зоран Заев денеска претседаваше со конститутивната седница на „Комитетот за земјоделство и безбедност на храна“, кој, како што истакна премиерот е наречен Агро Совет заради тоа што ги опфаќа сите теми од земјоделството, и кој претставува уште едно владино тело кое е во функција на земјоделците и агробизнисмените.

Во изјавата за медиумите, за надлежностите на Агро Советот, како и за темите за кои се разговараше на првата седница на советот, како дел од прес-конференцијата по овој повод, Заев истакна:

„Последниве години и покрај одвојувањето на сериозни суми за земјоделците во вид на субвенции, останаа уште неколку земјоделско-сточарски гранки на кои треба дополнително да им се посветиме. Најголемо внимание треба да насочиме кон млекопроизводството и овчарството. Тоа денеска беше една од точките на дневен ред. Затоа денеска прва точка на седницата беше состојбата во овчарството и мерките што ќе ги преземеме за да го стабилизираме ова производство од кое егзистираат голем број на семејства во Македонија“.

На Комитетот беа присутни и претставници на сточарите кои одгледуваат овци, со кои се разговараше за моменталната состојба и за мерките кои што треба да ги преземе Владата.

„Тоа е начинот на кој сакаме да работиме и делуваме: заеднички со земјоделските производители и со агробизнисмените. Тие најдобро знаат што е она што треба една Влада да им овозможи за да имаат рентабилно производство, а тоа е добро за развој на аграрот и вкупното стопанство во државата“, рече Заев.